Албанија среќно на ЕУ патот
Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
За ден, два Брисел ќе реши дали Албанија без нас ќе ги почне конкретните преговори со ЕУ и дали со констатацијата на шпанското претседателство Македонија ќе биде оставена зад аут линијата на ЕУ по што, ако се случи второво, што пак е мошне извесно, припадниците на нотарската пратеничка ВМРО-ДПМНЕ група во македонското собрание, а очигледно согласно токму нотарската лојалност повторно со надеж секој од нив да биде на добитната партиска изборна листа за претстојните мајски парламентарни, му се подместија на своето партиско раководство и, со тој чин, наместо да вбризгаат нужна европска реформска енергија, перспективно земјава ја оставаат изолирана во оваа наша коруптивна кал па, на претстојните избори, тие и нивната партија, победиле, не победиле, сеедно, на своите избирачи, кога тогаш, сепак многу бргу, ќе мораат да им реферираат зошто, од кои мотиви и за кои цели ја урнисаа македонската европска перспектива или, прашано во оваа една реченица, зошто, за кои цели, со кои мотиви или за кого тоа, онака баш „патриотски“, ја дозаглавија сопствената Татковина при што, одговорот каков и да им е, ќе е со бајато време, ќе е правдање и каење без никаква вредност, па, оттука, единствено што во овие околности ни останува е на нашиот западен сосед, онака џентлменски фер, да му посакаме: Албанија, среќно на ЕУ патот!
Извор: Civilmedia.mk