Пратеникот од редовите на СДСМ Јован Митрески во своја објава на Фејсбук напиша дека се вршат последни тестирања на машинскиот дел и дека за неколку дена затворениот струшки базен ќе биде пуштен во употреба.
Во затворениот базен во Струга, кој 15 години беше руина и депонија, во тек се последните градежни работи и тој се очекува наскоро да им биде предаден на спортистите и граѓаните на Струга.
Агенцијата за млади и спорт ја презеде иницијативата да се обнови затворениот базен пред две години, откако фирмата која претходно го добила тендерот поради финансиски проблеми и ковид-пандемијата не можела да ги исполни обврските, па договорот бил раскинат на штета на самата фирма и активирана е банкарската гаранција.
Извор: Frontline.mk