„Две години после локалните избори каде се случија многу смени на градоначалници, сепак ние и пошироката јавност не сме виделе големи промени во одредени општини или во многу општини каде со доаѓањето на нови кадри се сметаше дека ќе има напредок и развој на локалните самоуправи“, вели за „Фронтлајн“ – претседателот на НВО „Пулсот на Демократијата“ – Енвер Салихи, коментирајќи ја двегодишната работа на општинските челници, кои во мнозинството општини се кадри на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Најголемо разочарување е Град Скопје кое хаотично се развива и рака на срце од сите страни е блокирано па кога би бил било кој на местото на градоначалничката Арсовска сигурно дека би дал оставка поради статус квото што владее во најголемата единица на локалната самоуправа. Локалните самоуправи се рекордери по броеви на предмети за легализација и урбанизам каде секојдневно ги кочат граѓаните и никако да се поедностават овие постапки. Во одредени општини се спречува урбаниот развој и тоа е само желба на градоначалниците или се кочат одредени постапки кои ЗОУП било која постапка може да трае до 30 дена додека во нашите општини низ цела Македонија овие постапки ги тераат по месеци и години, вели Салихи за „Фронтлајн“.

Потребно е, додава тој, реформите на централно ниво да допираат и до локалната власт која во недостиг на правна регулација не се однесува како сервис на граѓаните.

– Сметам дека е потребно да се носат стриктни процедури за секоја административна постапка со рокови и казни за тие што намерно ги попречуваат граѓаните и го попречуваат целокупниот локален развој . Како најголема замерка е неусогласеноста или недостигот на соработка со централните власти за реформи со исти брзини како би имале ист перформанс на сите нивоа и за секој граѓанин како што тоа е предвидено со принципот на еднаквост во Уставот. Доколку не се сменат овие погрешни политики и доколку не се зголемуваат средствата на општините овој статус кво ќе продолжи уште долги години, нагласува тој.

Од владејачката СДСМ сметат дека опозициската ВМРО ДПМНЕ ги изневери граѓаните, нема проекти, нема резултати – ова е поразителниот заклучок после изминат половина мандат на градоначалниците од ДПМНЕ во над 40 општини.

– По две години има само безброј нереализирани избори ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти во изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ. Згора на се, во голем дел од општините кои ги води ДПМНЕ зголемени се цените на давачките за комунални услуги, за данок на имот, што е директен удар врз џебот на граѓаните. Такви се примерите со Битола, Прилеп, Штип, но и многу други. Општините предводени од ДПМНЕ наместо да се развиваат, стагнираат. ДПМНЕ не ја оправда довербата дадена на локалните избори и ги разочара граѓаните, изјавија од СДСМ.

Извор: Frontline.mk