ЗОРАН ИВАНОВ

По одлуката на вмровските градоначалници редовно понеделнички да се интонира македонската државна химна меѓу најмладите државјани на државата Македонија, очекувано стаса и реакцијата на дел од овдешниот албански политички блок со барање во училиштата со албанска детска популација во земјава да се изведува и химната на нашиот западен сосед што, патем, е противправно и за двете држави и, оттука, и прашањата зошто и кому е потребна оваа провокација и тоа преку најмладите и од кои причини, од какви тоа побуди и од која кујна излезе ваквиот испробан етно предизборен смут преку кој, овој пат врз грбот на децата, директно и со очигледна умисла се атакува врз државната химна, врз македонската свечена песна која, со имињата на илинденците во неа и со рефренот „Македонците се борат …“, е трн во бугарското историско и политичко негаторско око па сега, кажано во оваа една реченица, останува идеолозите во ВМРО-ДПМНЕ да појаснат зошто и до кога, намерно или не, сеедно, аман веќе, да, аман, ќе работат за бугарската кауза и до кога квази патриотски ќе ја дриблаат македонската јавност како што тоа го направија и сега со овој нивен најнов македонски идентитетски автогол.