ЏАБИР ДЕРАЛА
Релативно долгиот одмор и отсуство од политичката сцена, не ѝ помогна на ултрадесничарската лумпен партија со лажно име (левица) да ја подобри својата ментална состојба. Исто беше и за време на екстремистичките, антизападни протести во јули, минатата година.

Така, неофашистите (т.н. левица), заедно со својата постара политичка сестра (вмродпмне) покажаа крајна дрскост и вулгарност и за свои, евтини цели, целосно ги киднапираа тагата и револтот на граѓанките и граѓаните од грозниот коруптивен скандал во Клиниката за Онкологија.

Морам да кажам дека, кога ги гледав фотографиите и снимките од протестот, прво ме опфати срам, а потоа и револт. Видов едно безобразно и намерно менување на темата и поводот за протест. Се работи за корупција и криминал во една важна здравствена установа во која пациенти умирале за да се збогатат поединци вмрежени во криминална спрега. Темата на политичките монструми е – власт по секоја цена.

Бесчувствително. Крајно бесчувствително, споменатите политички партии се впуштија во разулавен говор на омраза, откако ја загадија јавната комуникација со агресивни манипулации и дезинформации. Со своето гадно однесување, тие го омаловажија трудот на вредните новинарки и новинари од „Фокус“ и „Слободен печат“ кои на светлината на денот изнесоа сведоштва, индиции и факти за монструозно манипулирање со здравјето на луѓето. Тие згазија и на достоинството на професионалците во здравството, кои својот живот го посветиле на пациентите.

Најмногу од сѐ, киднаперите на протестот ги понижија и си поиграа со емоциите на граѓанките и граѓаните чиј револт е оправдан. Оваа политикантска банда најдрско се подбива со тагата и гневот на луѓето кои изгубиле свои блиски поради криминалците во здравството.

Нека остане запаметено… Не се тие заинтересирани за правда. Немаат поим што значи тага. Нивниот единствен план е, по секоја цена, да приберат политички поени во секоја ситуација. Целта им е да се доберат до власт, за да обезбедат пари и моќ. Да ги лечат своите комплекси и фрустрации, да уживаат во пленот што го зграпчиле во своите смрдливи челусти. Се разбира, да ги заштитат своите луѓе вплеткани во криминалот. Тоа е, ништо повеќе. Ним не им е гајле ни за луѓето, ни за вредностите.

Кој ќе ги осуди нив?

извор Цивилмедиа