Во понеделник, 5 декември, во 9:30 часот, во хотел Сити Парк. започнува семинарот на  Цивил, „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“, во партнерство со Youth4Media (Y4M) од Германија подготви навистина богата и динамична програма на семинарот, што е дел од првото издание на Меѓународната недела на новинарството отпорно на дезинформациите и пропагандата.

За учесничките и учесниците на семинарот се отвораат можности за соработка со Цивил и со партнерските организации, како и можноста за учество во меѓународната размена и практична обука во Германија и други европски држави.

Д-р Волфганг Ресман, прв човек на меѓународниот проект Медиумски дијалог и Лена Кроненбургер, уредничка на fortytwomagazine од Германија Катерина Соколова од Институтот за новинарство во Кијив, Украина, Мкртич Тонојан, мултимедијален уметник од Ерменија, д-р Сашо Орданоски и Џабир Дерала од Северна Македонија, се дел од програмата на самиот почеток од еднонеделниот семинар.

Бројот на учесници на овој семинар е ограничен. Пријавувањето за учество на семинарот започна на 24 ноември и трае до 3 декември, 17 часот. Работниот јазик на семинарот е англискиот. Организаторите не ги покриваат трошоците за патување и престој во Скопје.

Од практичната работа на семинарот ќе произлезат повеќе текстови и видео прилози на тема дезинформации и пропаганда, кои ќе бидат достапни за објавување на сите редакции што ќе испратат свои членови за учество во семинарот.

Семинарот трае од 5 до 10 декември. На 9 декември, по повод Меѓународниот ден на човековите права, Цивил и Y4M ќе организираат јавен настан под мотото „Дезинформациите и пропагандата ги кршат човековите права. Спротивставете се!“. Семинарот и сите активности поврзани со проектот воедно

Заинтересираните треба да пополнат Пријава за учество (ЛИНК).

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

извор Civilmedia.mk