Полицијата постапува по повеќе одделни пријави за насилство и закани во семејства. Во Тетово е приведен 40-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал и економски ја злоупотребувал својата вонбрачна партнерка. За случајот е известен и Центарот за социјални работи.

Во Неготино е приведен 42-годишен маж по пријава за физички напад врз неговиот малолетен син, а во Прилеп е лишен од слобода 30-годишен маж поради пријавени закани кон сопругата.

МВР информира и за кривична пријава против жител на Кочани поради сомнение за загрозување на сигурноста на неговата сопруга. Надлежните институции продолжуваат со постапувањето по случаите.