Претставници на либерални политички организации од регионот и Европската Унија викендов се собираат во Скопје на конференцијата „Quo Vadis Europa 2026“, посветена на европското проширување.
Меѓу темите се постепеното интегрирање на Западен Балкан во европските платежни, транспортни и енергетски системи, како и можностите за користење мобилни услуги во ЕУ по домашни тарифи.
Организатор на конференцијата е Либерално-демократската партија, во соработка со повеќе европски либерални организации.