По дождливиот и снежен викенд, Македонија ја очекува стабилизирање на временските услови, но и значително пониски утрински температури. Според прогнозата на УХМР, во понеделник минималните температури ќе се движат од минус седум до два степена.
Првиот ден од декември се очекува да биде уште постуден. Минималните температури во вторник ќе се движат од минус 14 до минус два степена, додека максималните ќе бидат во интервалот од минус три до осум степени.
Ниските утрински температури по врнежите можат да создадат услови за подмрзнување на влажните површини, поради што ќе биде потребна дополнителна претпазливост.