Од недела, 15 ноември, во Македонија започнува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата. Обврската ќе важи до 15 март 2027 година, без разлика дали на патиштата има снег или временските услови се поволни. Возачите кои нема да ги исполнат пропишаните услови ризикуваат прекршочни санкции.
Според правилата што ги објави Авто-мото сојузот на Македонија, патничките возила до 3.500 килограми треба да имаат зимски гуми на сите четири тркала со длабочина на шарата од најмалку четири милиметри. Како алтернатива се дозволени летни гуми со длабочина од најмалку четири милиметри, но со задолжително поседување соодветни синџири за снег.
За возилата со погон на сите четири тркала важат посебни услови. Доколку користат зимски гуми, потребна е длабочина на шарата од најмалку шест милиметри. За потешките возила над 3.500 килограми, зимските гуми треба да имаат најмалку шест милиметри шара на погонските тркала, или да се користи дозволената алтернативна опрема со синџири. АМСМ ги повикува возачите навремено да ја проверат исправноста и опременоста на возилата.