Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на 5 ноември изјави дека нејзиното министерство немало комуникација со гувернерот за влезот на Алта банка на македонскиот пазар. Таа рече дека не била информирана ниту за преговорите, ниту за другите заинтересирани банки.

Изјавата следува по претходното тврдење на гувернерот Трајко Славески дека за прашањето се консултирал и со Владата. Кочоска наведе дека и за актуелните случувања со банката главно се информирала од медиумите.

Министерката оцени дека состојбата со оваа банка не треба да ја наруши стабилноста на целиот банкарски систем, повикувајќи се на нејзиното мало учество во секторот. За денеска најави и средба со гувернерот.