Десет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие поради сомнение за безобѕирно управување со моторно возило, соопшти МВР на 5 ноември. Седуммина управувале без положен возачки испит, а тројца со активна забрана.
Меѓу лицата без положен испит се 15-годишник од Скопје и 16-годишник од Батинци. Во оваа група е и 61-годишен жител на Блаце, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода.
Еден од тројцата возачи со забрана, 50-годишник од Штип, управувал и под дејство на алкохол. МВР најави соодветни кривични пријави по документирањето на случаите.