ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 52-годишник од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 29.10.2026 во Дебар, според пријавата, тој со агресивно однесување, закани и заплашување се обидел да спречи службени лица од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во извршувањето службени дејствија. Тие преземале дејствија за спречување узурпација на деловен објект во државна сопственост во Дебар, која ја вршел пријавениот.
Пријавениот со својот автомобил го следел, пресретнал и го запрел службеното возило, а потоа со викање и непристојно однесување се обидел да им го одземе службениот телефон.