Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против 45-годишник од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.

На 29.05.2026 на ул. „Нада Михајлова“ и во просториите на Полициската станица Пробиштип, пријавениот упатувал закани кон полициски службеник.