На 05.11.2026 во 01:00 часот на ул. „Јордан Златаноски“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 26-годишник од Тетово, затоа што при преглед над него била пронајдена и одземена марихуана, а при алкотестирање било утврдено присуство на 1,34 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.