На 03.11.2026 во 19:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул. „ЈНА“ во Гостивар настанал пожар во помошна просторија, односно канцеларија во склоп на склад за продажба на огревни дрва, сопственост на 59-годишник од с. Лакавица, гостиварско. Од пожарот се зафатени скутер, велосипед и моторна пила.

Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Гостивар, а повредени лица нема. Увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Гостивар.