По повод 50-годишнината од формирањето на Општина Карпош, во Младинскиот центар – Карпош се одржа презентација на еколошки проекти и младинско учество, посветена на улогата на младите во креирањето поодржлива и поинклузивна заедница. Луна Китановска, од иницијативата „ECOSOCIAL VOICES: Youth Voices“, зборуваше за важноста на младинскиот глас, активното учество и ангажманот на младите во општествените и еколошките прашања.
За значењето на циркуларната економија и практичните решенија за поинклузивен и одржлив развој говореше Стефани Пренкова, додека Сотир Габелоски, преку фотоизложба посветена на реализирани микроакции, ја истакна улогата на младите во создавањето поправеден систем на храна, поддршката на локалните производители и значењето на институционалната соработка. Настанот заврши со интерактивна дискусија, размена на идеи и можности за младинско вмрежување, со цел преточување на иницијативите во конкретни активности и промени.
Активноста ја реализираше Еко Логик, во рамки на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија“, финансиран од Европската Унија, а спроведен од People in Need (ПИН), во партнерство со ЛЕАД, АРНО и Ековита. Зелената иднина започнува со знаење, идеи и активно учество. Младите не се само иднината – тие се двигатели на промените уште денес
фото Општина Карпош