Променлива облачност со повремени сончеви периоди ќе го одбележи времето денеска, 4 ноември. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува.

Според синоптичарите може да очекуваме утрински температури од 1 до 13 степени, а максималните дневни вредности се движат од 7 до 15 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време, придружено со слаб до умерен ветер од северен правец.