На 03.11.2026 во 04:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека во с. Слатино, тетовско, настанал пожар на бандера каде што изгорел разводен ормар со електрични броила.
По интервенција на Територијалната противпожарна единица Тетово, пожарот бил целосно локализиран. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од СВР Тетово.