На 02.11.2026 во 14:40 часот во село Жилче, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце лишија од слобода 22-годишен маж од с. Грчец, скопско.

При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле товарно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршена контрола било констатирано дека го управува возилото, иако има изречена забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.