Четири лица од Скопје биле лишени од слобода по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија Арачиново и Тиквеш, одигран на стадионот во Чаир на 1 ноември. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициските службеници интервенирале поради повикување и учество во тепачка.

Приведени се маѓ (33), момче (21), маж (31) и маж (36), сите од Скопје. Лицата биле однесени во полициска станица, каде што биле составени записници за констатираните прекршоци. Натпреварот завршил со резултат 1:1, но по неговото завршување дошло до инцидентот.

При приведувањето кај еден од учесниците, полицијата пронашла марихуана, поради што бил лишен од слобода и по основ на член 215 од Кривичниот законик. По целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.