Полициски службеници од ПО Камењане на 31 октомври 2026 година, во 21:00 часот, лишиле од слобода 37-годишен жител на тетовското село Боговиње, откако при полициски преглед кај него бил пронајден кокаин.
Според полициското соопштение, контролата била извршена на локалниот пат меѓу селата Боговиње и Селце Кеч, каде што било паркирано патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки. При прегледот на возилото, полициските службеници кај 37-годишниот маж пронашле кокаин.
Лицето било приведено и задржано во полициска станица за понатамошна постапка. По целосното документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.