На 29.10.2026 во 10:04 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека на Клиниката за кардиохирургија починал 72-годишен маж од Франција, кој престојувал во хостел на подрачјето на Бутел.

Тој претходниот ден бил донесен во тешка здравствена состојба.

По насока на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.