ОВР Кратово поднесе кривична пријава против 41-годишен жител на Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
На 30.06.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени патрони од ловечка муниција со различен калибар, за кои не поседувал дозвола.