СВР Велес поднесе кривична пријава против 40-годишен државјанин на Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

На 27.10.2026 во близина на место викано „Острово“ било сопрено патничко возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки, управувано од пријавениот, при што во возилото биле пронајдени мигранти.