Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, според достапните дневни информации на Авто-мото сојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сепак, на повеќе патни правци се применуваат времени режими поради градежни активности. На делницата Беловодица – Тројаци, на правецот Прилеп – Кавадарци, возилата се пропуштаат наизменично. Работи се изведуваат и на патните правци Гостивар – Кичево, Струга – Дебар, Кичево – Охрид и на други делници.

Посебно внимание е потребно и на автопатската делница Гевгелија – граничен премин Богородица, каде што сообраќајот е пренасочен поради градежни работи. АМСМ предупредува и на можност од одрони на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, особено на правците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.