Дел од жителите на Скопје денеска, 27 октомври, ќе се соочат со привремени прекини во водоснабдувањето поради планирани активности на водоводната мрежа. Прекините ќе започнат во 9 часот и ќе траат до завршувањето на предвидените работи.
Во Чаир, поради исклучување на стара водоводна мрежа на улицата „Чаирска“, без вода ќе останат корисниците од улиците „Чаирска“, „Отокар Кершовани“, „Васил Аџиларски“, „397“, „Мимар Синан“, „Албански Националдемократи“ и „Петар Георгиев“.
Прекин на водоснабдувањето е најавен и во Батинци, каде што ќе се врши чистење на резервоарот. Од јавното претпријатие не наведуваат точен час за нормализирање на снабдувањето, туку посочуваат дека водата ќе биде пуштена по завршувањето на работните активности.