На 17.10.2026 во 19:40 часот во СВР Скопје 42-годишна жена пријави дека околу 14:30 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар таа и нејзината малолетна ќерка биле физички нападнати од нејзиниот 23-годишен посинок. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.10.2026 во 05:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода 46-годишник од Скопје бил физички нападнат од две лица, а бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.10.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје 25-годишник од с. Петровец, скопско, пријави дека на 16.10.2026 околу 21:00 часот во с. Петровец бил физички нападнат од друго лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.10.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Центар по претходно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две жени на возраст од 20 и 25 години, двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.10.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека на 17.10.2026 околу 22:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот 31-годишен сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.10.2026 во 19:45 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје приведоа 24-годишник од с. Богомила, а со престој во Скопје, по претходна пријава дека физички нападнал 51-годишник од Скопје и му нанел повреди. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.10.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје 44-годишник од с. Јурумлери, скопско, пријави дека околу 20:30 часот во с. Јурумлери неговиот малолетен син бил физички нападнат од 18-годишник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.