На 18.10.2026 во 01:15 часот, за време на спроведена акциска контрола во угостителски објект на ул. „Живко Брајкоски“ во Гостивар, од страна на полициски службеници биле приведени три странски државјани од Република Турција: Ч.М. (20), Ј.Ј. (39) и Х.К. (42), поради нелегален престој и злоупотреба на престојот во државата.
Тие се задржани во Полициска станица Гостивар за понатамошна постапка.