На 17.10.2026 во 23:40 часот, при акциска контрола во објект на ул. „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово привеле лице (52) од Тетово. Лицето одбило да се легитимира, немало лични документи, се оглушил на издадените полициски наредби додека извршувале службени дејствија и се однесувал агресивно.

Тој е задржан во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.