Компанијата Meta ги ревидирала комерцијалните услови што предизвикаа загриженост меѓу медиумските издавачи поради можната употреба на новинарски содржини за обучување системи со вештачка интелигенција. Во претходната верзија било наведено и обучување производи со собраните материјали.

Новите услови, предвидени да стапат во сила на 30 октомври, ја определуваат автоматската обработка на веб-содржини како активност поврзана со рекламирањето и деловните производи на Meta.

Сепак, компанијата и понатаму предвидува користење автоматизирани алатки за пристап и собирање содржини од веб-страници поврзани со бизнисите што ги користат нејзините платформи.