Во рамките на спроведувањето на Програмата IPA CBC помеѓу Грција и Македонија – проект ,,Cultisport ” општина Неготино го потпиша договорот за обезбедување финансиски средства.

Станува збор за средства во висина од 273.435 евра кои и припаѓаат на општина Неготино во склоп на имплементацијата на проектот ,, Поддршка на спортскиот туризам и неговата поврзаност со културата во прекугранична област.

Средствата општина Неготино ќе ги намени за главната активност која се однесува на уредување на делот кај спортско рекреативен центар и уредување на парковска површина во негов состав.

Партнери во проектот се општина Пела, општините Неготино општина Солун и Олимпик музеј во Солун.

фото Општина Неготино