Компанијата Самсунг („Samsung“) денес објави дека ја претставува изложбата „Дизајнот е чин на љубов“ (Design is an Act of Love) во рамките на Неделата на дизајнот во Сеул 2026 (Seoul Design Week 2026), што се одржува во Сеул, Кореја.
Изложбата опфаќа 14 уметнички дела инспирирани од производите на „Samsung“, кои се прикажани на OLED телевизори од 2026 година (модел: S95H), опремени со рамки специјално прилагодени за секое од делата.
Надоврзувајќи се на темата на изложбата што Samsung ја организираше со корејски уметници на настанот „Design Miami Seoul 2026“ во септември, ова издание на „Дизајнот е чин на љубов“ се реализира во соработка со „POLI.design“ и група италијански уметници во подем. Преку креативен израз обликуван од различни култури и искуства, изложбата ја слави човечката разновидност и индивидуалност, истовремено претставувајќи ја визијата за дизајн на „Samsung“, која е втемелена во разбирањето и грижата за луѓето.
„Низ очите на различни креативни умови, познатите производи стануваат нови изрази на личноста, перспективата и начинот на живот“, изјави Мауро Порчини, претседател и главен директор за дизајн во дивизијата Device eXperience (DX) при „Samsung Electronics“. „Со обединување на овие интерпретации, сакаме да покажеме како дизајнот може да ја направи технологијата поблизок, личен дел од секојдневието. На крајот, нашата амбиција е да направиме чекор подалеку од дизајнирање технологија *за* луѓето, кон создавање технологија која навистина ги одразува самите луѓе.“
14 италијански уметници ги реинтерпретираат производите на „Samsung“ преку креативност и имагинација
Уметничките дела црпат инспирација од низа производи на „Samsung“ – од мобилни уреди и апарати за домаќинство до телевизори – вклучувајќи ги Music Studio 5, Bespoke AI Family Hub и Galaxy Z Fold8.
Уметниците се потпреа на своето искуство и имагинација за да ги реинтерпретираат формите и карактеристиките на производите на „Samsung“. Тие ја користеа вештачката интелигенција како алатка за развивање идеи и истражување нови форми на изразување, при што секое дело е втемелено во личната перспектива и креативност на уметникот.
Томи Токио (Tommy Tokyo), мултидисциплинарен уметник чија работа опфаќа виртуелна реалност, анимација и дигитални медиуми, создаде уметничко дело инспирирано од прочистувачот на воздух Infinite AI. Делото го преточува основниот концепт на производот – чистиот воздух – во експресивен визуелен наратив. Студиото Caffè Design црпеше инспирација од култната силуета во форма на буквата „I“ на телевизорот The Serif, истражувајќи како неговиот впечатлив дизајн стапува во интеракција со околниот простор.
OLED-телевизорите прикажуваат впечатлив дизајн со рамки прилагодени за секое уметничко дело
На изложбата се претставени 14 „Samsung“ OLED-телевизори (модел S95H), секој опремен со специјално изработена рамка дизајнирана да ги надополни боите и атмосферата на соодветното уметничко дело. Рамките, создадени специјално за оваа изложба, во комбинација со сликата на екранот, го подобруваат начинот на кој се претставува секое дело.
Дизајнот „Float Layer“ (лебдечки слој) на OLED-телевизорот (модел S95H) создава впечаток дека екранот лебди над метална плоча. Уникатниот дизајн на телевизорот и прилагодените рамки заедно создаваат визуелен приказ што го истакнува карактерот на секое уметничко дело.
Посетителите можат да го доживеат концептот на „експресивен дизајн“ – пристап што ја слави човечката разновидност и имагинација – преку различните комбинации на уметнички дела и рамки на истиот модел на телевизор.
Изложбата ќе се одржи од 15 до 25 октомври во „Dongdaemun Design Plaza“ (DDP) во Сеул.
фото Самсунфото Самсунг / APRA BCG | North Macedonia