Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,85% во однос на одлуката од 28.9.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 2,885%, кај дизелот за 4,770%, кај екстра лесното масло за 4,384% и кај мазутот намалувањето е за 1,807%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9101%.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

 

Од 6.10.2026 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин              ЕУРОСУПЕР БС – 95                           98,50  (денари/литар)

Моторен бензин              ЕУРОСУПЕР БС – 98                          100,50  (денари/литар)

Дизел гориво                 ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                        97,00  (денари/литар)

Масло за горење            Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                        108,50  (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                 49,597 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,285 ден/кг и сега ќе изнесува 49,597 ден/кг.