Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор:
Арамијата Мицкоски го сотре македонското земјоделство.
Ја распродава земјата и водата за бизнис интереси и профити, а земјоделците ги остави на цедило.
Без мерки, без пари, без сигурен откуп, без откупни цени и без поддршка кога им е најпотребна.
Оваа криминална Влада не само што ги скрати субвенциите за 40 милиони евра, туку и ги отежна критериумите за добивање субвенции.
Рокот за пријавување за субвенции за 2026 ќе заврши со околу 10.000 земјоделци помалку во споредба со претходните години.
Овие 10.000 земјоделци помалку, не се земјоделци кои ги злоупотребиле субвенциите како што сака власта да ги прикаже.
Тоа се земјоделци кои според новите критериуми кои ги воведе власта за Програмата за финансиска поддршка за 2026, се исклучени од можноста да ги добијат субвенциите кои досега ги добиваа.
Условот за минимална површина за лозарство и овоштарство е зголемен од 0,2 на 0,5 хектари. Кај поледелските култури од 0,5 на 0,7 хектари.
Минисерот Серафимовски од ЗНАМ исто како негивиот претходник, сушти лаже.
Прво најави дека ќе се укине условот за висината на субвенциите да зависи од минимум 30% продадено или предадено производство за лозарите, овоштарите и поледелците.
Па потоа ги повлече уредбите во кои ги предложи најавените олеснувањата.
Мицкоски и ВМРО сега им поставуваат нови пречки и им ја кратат поддршката токму кога им е најпотребна.
Мицкоски сака да ги дотолчи земјоделците.
Сите земјоделци се погодени од лошите и криминални политики на Арамијата Мицкоски.
СДСМ е на страна на земјоделциѕте, ги поддржува нивните барања, го поддржува нивниот портест.
И конкретно ги поддржуваме. По средбите на претседателот Филипче со земјоделците СДСМ поднесе Закон за финансиска поддршка на земјоделците со интервентни мерки за лозарите, за производителитена пченица, црвена пипера, ориз, за сточарите.
Доста е од лагите на Мицкоски.
Земјоделството е производство, егзистенција и сигурност за илјадници семејства – заслужуваат поддршка затоа што тие се оние кои ја хранат државата.
Поддржете го Законот на СДСМ!
Линк до видеото : https://youtu.be/MGjPjDlaWhY?si=G7lno0DXlkeoNtL5