Септемвриските пензии ќе бидат зголемени за три проценти, потврди Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Овојпат усогласувањето ќе се спроведе процентуално согласно законското решение, а не линеарно.

Во ПИОМ веќе се прават пресметките, па конкретното зголемување ќе зависи од сегашниот износ на пензијата на секој корисник. Следното редовно законско усогласување е предвидено за март 2027 година.