Малолетник се здобил со тешки телесни повреди откако бил нападнат од група други малолетници во двор на основно училиште во скопската општина Ѓорче Петров.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 16 септември околу 21 часот. Според пријавата, на нападот му претходела расправија, а еден од напаѓачите му бил познат на повредениот. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.