На 21.08.2026 во 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од З.Б.(52) од Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.В.(44) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки управуван од С.К.(24) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.