Прес конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:

Венко Филипче се обидува да се претстави како најголем заштитник на јавното здравје, додека во периодот кога тој беше министер за здравство, институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода, а Филипче како министер не постапувал.

Се поставува легитимното прашање. Кој знаел, кој одлучил да не ги информира граѓаните и зошто тие информации останале скриени?
Почитувани медиуми, еве неколку примери:

2021-та година, ова се неколку испитувања, водите не биле безбедни во Студеничани, Зелениково и Петровец. Ова се документи кои стигнале до Министерството за здравство, а Венко Филипче не ги известил граѓаните.

Тука конкретно освен пронајдокот на бактеријата Ешерихија Коли има и пронајдоци на зголемен број на колиформни бактерии исто како во Гостивар. Но, вие граѓаните тоа не сте го знаеле и никој не ве известил.

Одиме понатаму, Социјалдемократскиот сојуз говорат за Крушево. Исто од Јавната здравствена установа, Центар за јавно здравје Прилеп, 2019-та година. Станува збор за повеќе испитувања, наоди во коишто се вели дека мострите кои се земени не биле исправни, односно водата не била за користење, односно не била за пиење.

И тоа се неколку повеќе вакви документи кои се дел од 2019-та, некои 2018-та, сето ова време додека Венко Филипче е министер за здравство, а Социјалдемократскиот сојуз се на власт.

Одиме понатаму. Токму во Скопје била земена мостра во Аеродром во бушен бунар чешма, која вели дека не одговара на Правилникот за безбедност на вода токму поради зголемен број на колиформни бактерии. Истото она што се случува во Гостивар. Граѓаните завршувале по болници, не знаеле што им е, но Филипче знаел.

Почитувани граѓани,
Наместо денес да дели лекции и да шири политички обвинувања, Филипче најпрво треба да им даде одговор на граѓаните зошто не постапувал по пријавите на институциите додека тој бил на чело на Министерството за здравство. Очекуваме надлежните органи целосно да го расчистат случајот и да утврдат дали имало пропусти и очекуваме одговорност.

Граѓаните ја заслужуваат вистината, а не селективна загриженост која се појавува само кога Филипче е во опозиција.

фото видео ВМРО ДПМНЕ