Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Според прогнозата за 31 јули, утринските температури ќе се движат од 11 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 30 до 39 степени.
Највисоки температури се очекуваат во југоисточните делови од земјата, каде што живата во термометрите ќе достигне околу 39 степени, додека во централните региони се прогнозираат до 37 степени. Во североисточниот дел максималната температура ќе биде околу 34 степени, а во источниот дел околу 32 степени. Во западните краишта ќе се движи меѓу 30 и 35 степени, а на југозападот околу 33 степени.
Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.