Судијата Мери Дика Георгиевска денеска ги започна своите работни обврски во Уставниот суд.

Во рамки на првиот работен ден, судијката Георгиевска оствари работен состанок со претседателот д-р Дарко Костадиновски кој ја запозна со внатрешната организација и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со судиите и вработените во стручната служба. На судијата Георгиевска и се доделени работни материјали за претстојните активности на Судот.

Во наредниот период на судијата Георгиевска ќе ѝ бидат распределени предмети по кои ќе постапува како судија-известител.
Мандатот на судијата Мери Дика Георгиевска во Уставниот суд трае девет години.

фото Уставен Суд