СВР Штип поднесе кривична пријава против маж (55) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Во мај, јуни и јули 2026 година, преку негови два профили на социјалната мрежа, пријавениот објавил шест коментари н ачетири објави со кои промовирал и поттикнувал омраза и насилство.