Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец.
Утринските температури ќе се движат приближно од 11 до 20 степени. Најсвежо ќе биде во источните и североисточните делови, додека потопло утро се очекува во Скопската Котлина и јужните предели.
Во текот на денот температурите ќе достигнат од 31 до 38 степени. Највисоки вредности се очекуваат во Скопје и во југоисточниот дел од земјата, каде што живата во термометрите ќе се искачи до околу 38 степени.
Во централните делови максималната температура ќе достигне околу 35 до 36 степени, на североисток до 34, а во западните и југозападните предели од 31 до 32 степени.
Поради високите температури, се препорачува избегнување подолг престој на сонце во најтоплиот дел од денот, особено помеѓу 11 и 17 часот.