На 26.07.2026 во 23:00 часот на улица „Браќа Блажевски“ во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар лишија од слобода 16-годишен малолетник од Гостивар.
Тој управувал нерегистриран мопед без положен возачки испит и учествувал во сообраќајна незгода. Мопедот му бил одземен и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.