Соопштение на СДСМ:

Веќе четири дена, откако бела пена течеше од Лепенец во Вардар и го загадуваше Скопје.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веднаш пушти дрон. Најави дека „толеранција нема да има за никого“. Вети дека брзо ќе се открие кој го направил тоа.

И? Што открија Орце и дронот по четири дена?

Кој ги загадил Скопје, Лепенец и Вардар?

Молк.

Истиот Орце што ни го подари билбордот изработен со вештачка интелигенција, со коњ на пет нозе, Храмот „Свети Сава“ од Белград и вијадукт за вода (во земја каде што нема вода за пиење), сега не може да открие ниту обичен загадувач на река.

Истиот Орце и екипата што од Скопје направи депонија, со Мицкоски најавува нови комунални камиони, додека градот се дави во смет.

Истиот Орце што најавува нови Орбанови електрични автобуси – платени 1.2 милиони евра поскапо од последниот повик, а не може да каже кој ја испушта пената во Вардар.

Мицкоски вели дека е многу задоволен од работата на Орце. Од што е толку задоволен? Од тендерите? А самиот велеше дека самозадоволството не смее да биде цел.

Или дронот сè уште лета, или резултатите не смеат да се објават.

Граѓаните заслужуваат одговор. Не дрон. Не нов билборд.

Не уште едно ветување – туку одговор!