На 25.07.2026 во 01:00 часот на ул.„Драчевска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода маж(24) од Скопје. При контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека го управувал возилото, без да поседува возачка дозвола, а по извршен алкотест било констатирано дека има и 0,71 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.