На 10.07.2026 во ОВР Гостивар е пријавено дека во Ургентниот центар во Гостивар е примено лице со тешки телесни повреди. Полициски службеници од ОВР Гостивар констатирале дека лицето е Д.Р.(33) од с.Добридол, кој изјавил дека додека управувал велосипед во с.Топлица, изгубил контрола и паднал од велосипедот.

Поради сериозноста на повредите, тој е препратен во Клиничкиот центар во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.