Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за краткотрајно невреме со појава на град.

Температурите и понатаму ќе бидат високи. Утринските ќе се движат од 12 до 18 степени, додека дневните ќе се искачат од 28 до 39 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните и јужните делови од земјата, каде максималната температура ќе достигне до 39 степени.

Во Скопје и околината се очекува топло време со температура до околу 37 степени. Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.