Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 10 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 33 степени, што ќе го направи денот еден од потоплите во овој период.