Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Најниските утрински температури ќе се движат од 10 до 19 степени, додека максималните дневни ќе бидат од 30 до 39 степени.
Во западните делови температурите ќе се движат околу 30 до 31 степен, во јужните и централните делови околу 33 до 39 степени, а многу топло ќе биде и во источните и југоисточните подрачја, каде дневната температура ќе достигне до 39 степени.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...